Претседателот на Русија, Владимир Путин мора да биде изведен пред лицето на правдата поради војната во Украина.
Ова денеска во Хаг го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски кој беше во седиштето на Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Во март годинава МКС издаде налог за апсење на Путин под сомнение за депортација на деца од Украина, а Европската комисија објави дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за процесуирање на злосторствата за агресија во Украина.
„Сите сакаме да видиме еден поинаков Владимир овде во Хаг, оној кој заслужува да биде санкциониран за неговите криминални дејствија овде, во главниот град на меѓународното право. Сигурен сум дека ќе го доживееме тоа кога ќе победиме“, рече тој за време на неговата прва официјална посета на Холандија.
„Кој и да ја води војната мора да биде осуден“, нагласи Зеленски.