Зеленски: Сеќавањето на холокаустот станува се послабо, мора да спречиме заборавање

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека ова злосторство никогаш не смее да се заборави и никогаш да не се повтори.

„Тоа беше намерен обид на нацистите да збришат цела нација, да ги убијат сите нејзини членови, да уништат се што не потсетува на Евреите. Шест милиони жртви. Злосторството на холокаустот никогаш не смее да се повтори, но постепено, за жал, сеќавањето на холокаустот бледнее, а злото што се обидува да ги уништи животите на цели народи сè уште останува во светот“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој нагласи дека рамнодушноста е „ѓубриво за злото“ и дека е неопходно „да се надмине омразата што раѓа насилство и убиства“.

Поврзани новости