Украинскиот претседател Володомри Зеленски во нова видео порака ноќеска истакна дека нивните преговарачки позиции со Русија во конфликтот сега се многу пореални, пренесе ДПА.
Но, сепак, додаде тој, ќе биде потребно време пред Украина да биде задоволна.
-Сите сакаме мир и победа што е можно поскоро, рече претседателот во пораката и додаде дека се „потребни труд и трпение.
Секоја војна завршува со договор, заклучи Зеленски, додавајќи дека „состаноците ќе продолжат“, додаде германската агенција.
Украинските и руските преговарачи претходните два дена имаа состаноци преку видео-конференциска врска.
ДПА потсетува дека советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, вчеравечер изјави дека разговорите ќе продолжат и денеска.
Украина бара прекин на војната, повлекување на руските војници и безбедносни гаранции. Москва, меѓу другото, бара Киев да го признае анектираниот црноморски полуостров Крим како руски, а сепаратистичките области на истокот на Украина како независни држави.
Зеленски вети дека руската агресивна војна ќе заврши со срам, сиромаштија и долгогодишна изолација за Русија.