618
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во телевизиско обраќање утринава рече дека Украинците се „обединети во желба да живеат во мир”.
– Имаме целосно право на тоа, бидејќи сме дома, ние сме во Украина. И никој нема да го сака нашиот дом како што го сакаме ние. И само заедно можеме да го заштитиме нашиот дом – рече тој.
По најавите од Западот дека Русија може да денес да изврши инвазија врз Украина, рускиот амбасадор во ЕУ ја отфрли таквата можност.
– Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец – изјави Владимир Чижов.