Зеленски сака да ги прати пратениците на полиграф поради корупција

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача денеска на членовите на Комисијата за финансии во Парламентот да направат тестирање на детектор за лаги по повод наводите за вмешаност во корупција.

Како што се наведува во соопштението, пратениците кои се вмешани во корупцискиот скандал треба да направат полиграфско тестирање за да ја докажат својата невиност.

Неговиот повик следува откако украинските медиуми објавија дека неколку пратеници на Врховната Рада од владејачката партија на Зеленски примиле поткуп од 30.000 долари за да издејствуваат амандман со кој се гарантираат олеснувања за компаниите поврзани со други пратеници.

Претходно денеска украинското Обвинителство соопшти дека ги истражува медиумските наводи.

Поврзани новости