Зеленски: Русите за своите постапки ќе одговараат на суд

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата ги обвини руските сили за мачење на населението во окупираниот украински регион Харков.

– Во ослободениот регион откриени се најмалку на десет места за мачење. Тортурата беше широко распространета практика на окупираната територија, изјави Зеленски.

Тој ги нарече руските сили окупаторите и фашисти и нивното однесување го поистовети со однесувањето на нацистите.

– Како и нацистите, Русите за своите постапки ќе одговараат на суд. Ќе ги утврдиме идентитетите на сите оние кои мачеа и малтретираа луѓе, посочи Зеленски.

Тој додаде дека докази за мачење пронајдени се и на телата откриени во масовната гробница во шума во близина на градот Изјум.

Меѓународната заедница вчера побара да се формира меѓународен суд и Русите да одговараат за воените злосторства во Украина.

 

 

Поврзани новости