Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинските сили цврсто ги држат своите позиции во регионот Курск, иако руската армија се обидува да ги врати назад.
„Во врска со операцијата Курск, Русија се обиде да ги потисне нашите позиции, но ние се држиме“, рече Зеленски во вечерното радио обраќање.
Москва на почетокот на неделата објави дека вратила две села во тој сектор и најави дека ќе продолжи со акциите за истиснување на украинските сили од нејзината територија.
Зеленски призна дека украинскиот упад во регионот Курск во август беше дизајниран да ги повлече руските војници од позициите во источна Украина, каде што напредуваа во последните месеци.
Поточно, тие се надеваа дека ќе создадат тампон зона во близина на границата за да го ограничат руското бомбардирање на украинските погранични населби, истовремено принудувајќи ја Русија да ги прераспореди своите офанзивни единици во близина на Доњецк и на тој начин да го забави нивното напредување.
Но, руските војници сè уште напредуваат во источна Украина, особено кон Покровск, клучен логистички центар за украинските сили.
Ова во саботата го призна и Зеленски, велејќи дека ситуацијата на украинските сили во источниот регион на Доњецк и во јужниот дел на Запорожје е „многу тешка“.