Портпаролот на украинската морнарица изјави дека руска ракета го погодила бродот кога се наоѓал во романската поморска ексклузивна зона.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руски проектил погодил цивилен брод на кој превезувал жито од Украина и веќе ги напуштил украинските води.
Зеленски рече дека бродот бил на пат кон Египет.
Портпаролот на украинската морнарица изјави дека руска ракета го погодила бродот кога се наоѓал во романската поморска ексклузивна зона.
Дмитро Плетенчук додаде дека Москва користела бомбардер Ту-22 за нападот.
Портпаролката на Романската поморска управа рече дека бродот за транспорт на жито за кој Украина вели дека бил погоден од руски проектил не бил во романските територијални води.
„Се што можам да ви кажам за предметниот брод во овој момент е дека тој не беше во нашите територијални води“, изјави портпаролката Ирина Пушкасу за Ројтерс.