Зеленски: Русија вештачки создаде енергетска криза

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говорејќи преку видео врска на 17. Бледски стратешки форум, рече дека Европа ќе ги сноси последиците доколку мирно го набљудува руското „уништување“ на Стариот континент и оцени дека Русија вештачки ја создала енергетската криза и кризата во прехранбената индустрија за „подмолно да го користи“ тоа.

„Високи цени на гасот, прекин на испораката на гас, суспензија на транзитот на жито од пристаништата во Црното Море, сето тоа е вештачки создадено“, рече украинскиот претседател.

Претседателот на Украина предупреди дека ниту една европска земја не е безбедна од Русија и дека, како што вели, руската пропаганда е подготвена да уништи се што е украинско.

Поврзани новости