Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска реагираше на ситуацијата во Русија, каде платеничката група „Вагнер“ предводена од Евгениј Пригожин, ја презеде контролата над рускиот воен штаб во градот Ростов на Дон.
Зеленски на Твитер напиша: „Русија долго време користеше пропаганда за да ја прикрие својата слабост и глупоста на нејзината влада. И сега има толку многу хаос што ниту една лага не може да го скрие“.
Шефот на дипломатијата на оваа европска земја, Дмитро Кулеба и порача на меѓународната заедница, да се откаже од „лажната неутралност“ во однос на Русија и да ѝ снабди на Украина оружје што ѝ е потребно за да се одбрани од рускиот упад.
Белата куќа, пак, соопшти дека го следи судирот меѓу највисоките руски воени претставници и силите на „Вагнер“ и дека ќе се консултира со сојузниците и партнерите за развојот на настаните.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди платениците од групата „Вагнер“ дека вооружената побуна е предавство и секој што ќе земе оружје против Русија ќе биде казнет. Русија апелира до платениците на „Вагнер“ да се откажат од организацијата и нејзиниот водач.