515
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз Украина, додека Киев неделава ја очекува одлуката на Европска Унија за доделување на статус земја кандидат за членство.
– Очигледно е дека оваа недела Русија ќе ги интензивира непријателските. И не само против Украина, туку и против другите европски земји, истакна Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
На 23 и 24 јуни се одржува редовен самит на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за мислењата на Европска Комисија објавени минатата недела за апликациите на трите земји – Украина, Молдавија и Грузија.