358
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека „намерно” го одложува преминувањето на бродовите со украинско жито, што е од витално значење за многу земји во Африка и Азија.
-Повеќе од 150 бродови чекаат да ги исполнат договорните обврски за испорака на нашите земјоделски производи. Тоа е вештачки создаден ред на чекање, кој настана само затоа што Русија намерно го одложува минувањето на бродовите – рече Зеленски во видео-обраќањето.
Притоа, Зеленски ги поздрави „добрите резултати” на украинската армија против руските војници во регионот Херсон, на југот на земјата, каде Киев тврди дека ја вратил контролата на неколку десетици локации и дека пронашол руско оружје.