Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ја спореди Русија со нацистичка Германија и порача дека таа ќе биде поразена исто како нацистичка Германија во Втората светска војна.
-Се боревме тогаш и се бориме сега за никој никогаш повеќе да не поробува други народи и да уништува други земји. И сите тие стари зла што ги враќа модерна Русија ќе бидат победени исто како што беше поразен нацизмот, рече Зеленски.
Тој додаде дека целта на Русија во Украина е „поробување или уништување“.
-Овој непријател уште еднаш ги постави агресијата и анексијата, окупацијата и депортацијата, масовните убиства и тортурата, бомбардирањето градови и палењето села против нашите идеали“, рече Зеленски. „Нашата победа ќе биде одговор на сето ова. Победата на Украина и слободниот свет, ослободувањето на нашите земји, враќањето на нашиот народ, заштитата на нашите вредности и, неизбежно, правдата, рече украинскиот претседател.