Зеленски разговараше со Макрон за Самитот Г7

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска телефонски разговараше со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со цел да ги „синхронизираат позициите“ во пресрет на онлајн самитот на групата седум најбогати либерални демократии (Г7).

„Ги синхронизиравме позициите пред онлајн самитот на Г7 и конференцијата за поддршка на Украина во Париз“, напиша Зеленски на Твитер.
Тој додаде дека со Макрон разговарал за спроведувањето на „заедничката мировна формула од десет чекори, соработката во одбраната и енергетската стабилност на Украина“.

Поврзани новости