Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати изјави дека Русија и Украина биле на работ да постигнат договор за прекин на непријателствата за време на разговорите во Истанбул во април 2022 година, но дека Украина се откажала од договорот кога руските трупи се повлекле од околината на Киев.
Според извештаите, како и изјавите на Путин на денешната голема годишна прес-конференција, договорот за ставање крај на војната во Украина, наводно, вклучувал клаузули со кои се бара Украина да прифати геополитички неутрален статус и да не се приклучи на НАТО, да ја ограничи големината на нејзините вооружени сили и да даде специјален статус до источна Украина – што се сите работи што претседателот Володимир Зеленски јасно стави до знаење дека ги одбива.
Зборувајќи за преговорите во Истанбул, Зеленски вели:
– Украина не ги прифати ултиматумите на Руската Федерација. Се обидоа да направат уште еден чекор за да ги омекнат своите позиции во тој ултиматум. Се сеќавате, тоа беа средби во Белорусија и Турција. Се сеќавате на сето ова, а сите тие средби беа таканаречените Истанбулски договори. Украина нема потпишано ништо – и тие договори не постојат. Само одговоривме на ултиматумот од руска страна и толку…
– Сакаа да ни ја уништат војската за да не постои веќе нашата војска (40-50 илјади војници максимум). Така тој само и предложи на Украина да се предаде, да го замрзне конфликтот, да го смени правецот на нејзината иднина, да се сврти кон Русија наместо кон НАТО и Европа, да ни ја одземе независноста и да ни ја ускрати иднината. И сега тој човек вели дека тоа биле договори. Тој (Владимир Путин) фантазира и живее во свој свет“ порача Зеленски.