Зеленски предупреди: Путин може да употреби нуклеарно оружје

by fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во изјава за Си-Ен-Ен предупреди дека „сите земји во светот“ треба да бидат подготвени за можноста рускиот претседател Владимир Путин да употреби тактичко нуклеарно оружје во војната против Украина.

Во интервју од кабинетот на претседателот во Киев, Зеленски рече дека Путин може да се сврти кон нуклеарно или хемиско оружје бидејќи не ги цени животите на Украинците.

– Не само јас – целиот свет, сите земји треба да бидат загрижени, рече тој. – За нив, животите на луѓето не вредат ништо. И ова веќе не е проблем само за Украина, туку и за целиот свет, оцени украинскиот претседател.

Претходно, во ноќното обраќање до нацијата, Зеленски рече дека Украинците треба да бидат горди што преживеале 50 дена под руски напади. Тој ја нарече руската инвазија апсурдна и самоубиствена. -Издржавме 50 дена. 50 дена руска инвазија, иако окупаторите ни даваа најмногу пет дена, рече тој.

Поврзани новости