Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно се обрати преку видео на неговиот официјален канал на Телеграм, коментирајќи апсењето на Виктор Медведчук, близок до рускиот претседател.
Тој истакна дека употребата на Медведчук на воена камуфлажа е особено цинична.
-Па, ако Медведчук избра воена униформа за себе, тој потпаѓа под правилата на војната – рече Зеленски.
Тој истакна и нов предлог за Русија.
-И предлагам на Руската Федерација да го замени овој човек со нашите момчиња и девојчиња во руско заробеништво. Затоа е важно нашите органи за спроведување на законот и армијата исто така да ја разгледаат оваа можност – рече тој.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, синоќа изјави дека е неопходно да се проверат информациите за апсењето на Медведчук.
-Го видов Медведчук. Не можам да кажам колку е вистина ова. Би било погрешно да се каже нешто без проверка и потврда – изјави Песков.
Медведчук, претходно бил во домашен притвор поради сомнение за предавство, но побегнал неколку дена по руската инвазија, пренесува Би-би-си.