Зеленски поздравен со овации во британскиот парламент

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево доби овации од сите пратеници на Велика Британија кога се обрати пред британскиот парламент преку видео врска.

Зеленски ги опиша првите 13 дена од војната во неговата земја, раскажувајќи за воздушните напади, непроспиените ноќи, руските барања да се остави оружјето, артилериското гранатирање, заробувањето на руските борци, нападот кај Бабин Јар – местото на нацистичкиот масакр — протестите, нападите врз цивилите и болниците, надежите за постигнување правда во Меѓународниот кривичен суд и убиствата на деца.

Во емотивното обраќање, кое некои набљудувачи го споредија со првиот воен говор на Винстон Черчил како британски премиер, Зеленски рече дека Украинците нема да се откажат од својата борба да останат суверена земја.

„Нема да се предадеме и нема да загубиме. Ќе се бориме до крај на море, во воздух, ќе продолжиме да се бориме за нашата земја, без разлика на цената“, рече Зеленски. „Ќе се бориме во шумите, на полињата, на бреговите, на улиците“.

 

Тој го повтори својот повик за зона на забранети летови – предлог досега отфрлен од Западот во повеќе наврати – и ги зголеми санкциите, исто така, повикувајќи ја Британија да ја третира Русија како „терористичка држава“.

-Ве молиме погрижете се да го направите она што треба да се направи и она што е предвидено со големината на вашата земја – најдобро од сè за Украина и Обединетото Кралство, заклучи Зеленски.

Поврзани новости