Зеленски: Повеќе од 10 милиони Украинци се без струја

by fokus

Повеќе од 10 милиони Украинци во моментов се без струја, соопшти синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Во моментов, повеќе од десет милиони Украинци се без струја, особено во регионот на Киев, рече украинскиот претседател во своето секојдневно обраќање.

Неколку украински градови, вклучително и главниот град Киев, вчера беа цел на руски напади, што се совпадна со првите снежни врнежи во земјата зафатена од недостиг на електрична енергија и каде температурите може да паднат и до минус 10 степени Целзиусови.

Бомбардирањето на енергетската инфраструктура на Украина од октомври редовно лишува милиони Украинци од струја и вода.

Националниот оператор за електрична енергија Укренерго најави продолжување на недостигот на струја поради „влошување на ситуацијата“.

– Поради ненадејниот студ, потрошувачката на електрична енергија се зголеми во регионите на Украина, што дополнително ја искомплицира и онака тешката ситуација во електроенергетскиот систем, а тоа доведе до пошироки ограничувања во потрошувачката на електрична енергија низ целата земја, соопшти Укренерго.

Поврзани новости