367
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешнот интервју за украинската телевизија одговори потврдно на прашањето дали со себе носи пиштол и рече дека знае да пука.
-Знам да пукам. Можете ли да замислите наслов „Претседателот на Украина заробен од Русите?“ Тоа е срамота. Верувам дека тоа би било срамота, изјави Зеленски за украинската телевизија 1+1.
Во првите денови од војната, руските разузнавачи се обидоа да упаднат во Киев, но не успеаја да стигнат до улицата каде што се наоѓа претседателската канцеларија.
-Да упаднеа, немаше да разговараме сега. Никој немаше да биде заробен бидејќи ќе се бореше до крај. До последно, рече Зеленски.