Зеленски: Помошта на Полска и Литванија во тенкови може да биде пример за другите земји

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека воената помош во тенкови што ја најавија Полска и Литванија може да значи дека и другите земји ќе го следат нивниот пример.

„Полска и Литванија можат стратешки да започнат чекори за набавка на тенкови за Украина”, изјави Зеленски за полската државна телевизија ТВП Инфо, откако полскиот претседател Анджеј Дуда објави дека Варшава ќе испрати тенкови Леопард во Киев.

Дуда вчера по состанокот со литванскиот претседател Гитанас Науседа во Лавов, објави дека Полска ќе испорача тенкови Леопард од германско производство на Украина, додека Наузеда рече дека Литванија ќе испорача противвоздушно оружје и муниција.

Полска претходно ги објави плановите за испорака на 10 главни борбени тенкови Леопард 2 на Украина.

Досега Украина добивала голема воена помош од голем број западни земји, најмногу од САД, Велика Британија и Германија, но досега немало испораки на тенкови, иако тоа го побара Киев

Поврзани новости