Зеленски: Половина од Русите го поддржаа бунтот на Пригожин против Кремљ

by Fokus

Половина од Русите го поддржаа шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, во бунтот против Кремљ, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за разузнавачките служби на Киев.

„Половина Русија го поддржа Пригожин. Половина Русија го поддржа Путин. Некои руски региони, во меѓувреме, балансираа не знаејќи кого да поддржат. Сите го гледаме овој процес, што покажува дека половина од руското население е во сериозен сомнеж“, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин, соочен со последиците од бунтот на Вагнер, ќе се обиде да го „консолидира своето општество“.

„Тој ќе направи се за да ја урне и уништи славата на групата Вагнер и сето она што тие го постигнаа. Ќе се огради од сето тоа и опширно ќе комуницира за да го обедини општеството“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека Путин е забележливо отсутен од очите на јавноста откако започна платеничката група, а потоа и го заврши својот хаотичен бунт.

„Каде исчезна Путин по сите овие настани? Ретко излегува на сонце, го гледаме само во кабинетот“, додаде Зеленски.

Поврзани новости