Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американските пратеници на Капитол Хил за да упати последно барање за продолжување на воената поддршка за Украина во борбата против Русија, но се соочи со скептицизам од неколку републиканци, пренесува Ројтерс.
Републиканците не сакаа да го потпишат барањето на демократскиот претседател Џозеф Бајден, Украина да добие 61,4 милијарди долари.
Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, републиканец, по средбата со Зеленски рече дека администрацијата на Бајден мора да даде повеќе детали за тоа како ќе се користат парите.
„Она што се чини дека го бара администрацијата на Бајден се милијарди дополнителни долари без соодветен надзор, без јасна стратегија за победа и без одговори што мислам дека му ги должи на американскиот народ“, рече Џонсон по средбата со Зеленски.
Други републиканци се прашуваат дали поголема помош ќе и помогне на Украина да ја победи Русија по летната офанзива која не донесе јасни придобивки.