357
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја извезла милион тони земјоделски производи преку Црното Море.
Ова го изјави Зеленски доцна вчера вечер, за време на неговото редовно ноќно обраќање.
„Од првиот ден на август, 44 бродови со украинско жито ги напуштија нашите пристаништа во 15 земји. Вкупно се работи за милион тони производи. Добивме барања за уште 70 бродови“, нагласи Зеленски, зборувајќи за извозот што започна по постигнатиот договор со Турција и Обединетите нации на крајот на јули.
„Целта на Украина и Киев е да извезат три милиони тони во рок од еден месец“, додаде украинскиот претседател.