Зеленски: Од Нова година го прекинуваме транзитот на руски гас во Европа

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да продолжи со транзитот на руски гас во Европа по истекот на сегашниот договор на крајот на оваа година.

„Нема да го продолжиме транзитот на руски гас“, рече Зеленски на прес-конференција за време на самитот на ЕУ во Брисел.

Зеленски, исто така, апелираше до европските сојузници да ја координираат нивната работа за изнаоѓање траен мир во Украина.

Поврзани новости