Зеленски од Литванија порача: Путин нема да застане на Украина!

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска предупреди дека секое одложување на помошта од западот за Киев го охрабрува Кремљ. Зеленски престојува во главниот град на Литванија во рамки на изненадувачката посета на балтичките држави.

„Рускиот претседател Владимир Путин нема да застане“, порача Зеленски на прес-конференцијата со литванскиот колега Гитан Наусед.

„Тој сака целосно да не окупира, а понекогаш, несигурноста на нашите партнери во поглед на финансиската и воена помош за Украина само ја зголемува храброста и силата на Русија“, додаде Зеленски.

Украинскиот претседател предупреди дека Путин нема да застане на Украина, туку дека ќе ги нападне и другите соседи, ако партнерите не ги здружат силите во напорите да го спречат.

„Мораме да разбереме дека Литванија, Летонија, Естонија и Молдавија можат да бидат следни ако ние (Украина) не го спречиме“, порача тој.

 

 

Поврзани новости