Зеленски објави моќно видео за годишнината од војната: „Три години апсолутнo херојство“

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани ужасни моменти од војната.

Во објава на Х, Зеленски изрази гордост и благодарност до сите што ја бранат и поддржуваат земјата.

„Три години отпор. Три години благодарност. Три години апсолутнo херојство на Украинците. Горд сум на Украина! Им благодарам на сите што ја бранат и поддржуваат. На сите што работат за Украина. И нека е вечен споменот на сите кои ги дадоа своите животи за нашата земја и народ“, рече Зеленски во објавата на социјалните мрежи.

Поврзани новости