96
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека новите санкции на Европската унија ќе влијаат на економијата на Русија, која води војна против Украина.
„Сето ова навистина ќе помогне да се намали економската основа за војна“, рече Зеленски во видео обраќањето, според Ројтерс.
Тој додаде дека Украина ќе продолжи да работи со партнерите за да се погрижи санкциите воведени од Европската унија да функционираат на глобално ниво.
ЕУ денеска соопшти дека го вовела 12. пакет санкции кон Русија, кои се однесуваат на забраната за увоз на дијаманти од руско потекло, на дополнителни забрани за увоз и извоз и борба против руското заобиколување на санкциите.