420
Русија истрела ракети врз железничката станица во областа Дњепропетровск во централна Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото видео обраќање на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина.
– Вака изгледа нашето секојдневие и вака Русија се подготви за оваа седница на Советот за безбедност на ОН, рече Зеленски преку видео врска.
Според него, во ракетните напади има и мртви и повредени, а не се знае конечниот број на жртви од руските акции во областа Дњепропетровск.