313
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија шири обвинувања за корупција во Украина со цел да ја подели поддршката на Западот.
„Пред сè, ова е добро познат руски наратив за корупцијата. Тие знаат дека не можат да го поделат општото единство на Европа и поддршката за Украина. САД и нивните разузнавачки служби дознаа за корените на идејата за тоа како да го поткопа општеството, поддршката во светот“, рече Зеленски по самитот на политичката заедница на Европската унија во Гранада.
Тој изјави дека за време на војната „ниту еден долар не бил украден од нашите партнери“, но истакна дека имало „различни луѓе и случаи“.