57
Потенцијалот на вооружените сили на Русија многукратно ги надминува капацитетите на Украина и затоа Киев нема шанси да ја продолжи борбата без помошта на Западот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Искрено можам да кажам дека без таа поддршка немаме шанси за победа. Денес, односот на нашето гранатирање е 1:10. Ќе можеме ли да останеме на нозе? Не. Во секој случај, со таква статистика, руските сили секојдневно ќе не туркаат назад – изјави Зеленски во интервју за американскиот сервис „Би-Би-Си“.
Тој уште еднаш спомена дека на Киев му треба оружје, пренесе ТАСС.
– За 100% да го заштитиме она што е под наша контрола, треба да го достигнеме соодносот 10:10 – рече Зеленски.