Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека „нема сомнеж дека проектилот што ја предизвика експлозијата во Полска не бил украински”, пренесе агенцијата Интерфакс.
Зеленски додаде дека Украина „мора да има пристап” до местото каде што загинаа двете лица, а четворица беа повредени.
Неговите коментари доаѓаат откако и Полска и НАТО соопштија дека Полска „најверојатно” била погодена од украинска ракета за против воздушна одбрана, но дека „нема индикации” дека станува збор за намерен напад.
Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, денеска изјави дека Киев има докази за „руска трага” во експлозијата во источна Полска за која Варшава и НАТО велат дека најверојатно била предизвикана од украинска ракета за против воздушна одбрана.
Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Маровјетци пред еден час изјави дека „не може да се исклучи дека нападот, на четири милји од украинската граница, бил провокација”.
Моравјецки кажа дека „не можеме да исклучиме дека гранатирањето на украинската инфраструктура во близина на границата е намерна провокација направена со надеж дека таквата ситуација може да ескалира”.