Зеленски: Нема да оставиме ниту едно парче од нашата земја на непријателот

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера вети дека ќе го врати секој дел од територијата што Русија го зеде од Украина, бидејќи неговите војници од првата линија оствариле територијални придобивки во Бахмут.

„Нема да оставиме ниту едно парче од нашата земја на непријателот – тиранијата нема да владее никаде. Мораме да ја вратиме слободата, безбедноста и на Европа на целата украинска земја“ – рече Зеленски во ноќно видео обраќање.

Изјавите на украинскиот претседател доаѓаат неколку часа откако украинските војници, вклучени во тешки борби за контрола на источниот регион Донецк, рекоа дека ги турнале руските војници до 2 километри на некои места во близина на Бахмут.

„Таму спроведуваме ефективни контранапади“ – напиша на Телеграм Олександр Сирски, командант на украинските копнени сили.

Андриј Билецки, основачот на украинскиот баталјон Азов, на Телеграм информира дека територијата е целосно ослободена од руски војници и дека најмалку две руски бригади се поразени и заробени.

Поврзани новости