Зеленски негираше дека Украина се обидела да го убие Путин

by fokus

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, одговори на руските обвинувања дека Украина стои зад нападот со беспилотно летало врз Кремљ, за кој се тврди дека бил обид да се убие Владимир Путин.

На прес-конференција во Хелсинки, каде што е во посета на финскиот претседател Саули Ниинисто, Зеленски рече:

-Ние не го напаѓаме Путин или Москва, ние се бориме на наша територија.

Москва ги оцени дејствијата на Киев како планиран терористички акт и обид за убиство на претседателот на Русија, во пресрет на Денот на победата и парадата на 9 мај, пренесе РИА Новости.

„Два дрона беа насочени кон Кремљ. Како резултат на навремените дејствија на армијата и специјалните служби кои користат радарски системи за војување, уредите се оневозможени“, се вели во соопштението.

Поврзани новости