Зеленски нема да одлучува за преговорите, порача Лавров

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да одлучува за прашањето за водење преговори со Русија за решавање на конфликтот во Украина.

„Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати кажа дека никогаш не сме одбиле преговори. Јасно е дека Зеленски нема да одлучува за ова. Не канат на преговори и се обидуваат да извртат сè – велат дека Украина, наводно, сака преговори, а Русија одбива. Путин многупати рекол – Зеленски барем нека го откаже указот од пред две години со кој се забранува водење преговори со Путин“, изјави Лавров во интервју со новинарката Марина Ким за проектот „Нов свет“, пренесува Спутник.

Русија е отворена за контакти со САД предводени од администрацијата на Доналд Трамп, рече Лавров.

„Претседателот Путин на седницата на меѓународниот клуб „Валдаи“ рече дека секогаш е подготвен за разговор. Но, ние не го ни прекинавме – топката беше на другата страна“, истакна тој.

Како што додаде, Русија нема никакви очекувања од новата американска администрација, но ќе ги оцени нејзините конкретни потези.

Поврзани новости