530
Поради воената состојба, Украина им забрани на мажите на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Одлуката ја донесе украинското Министерство за внатрешни работи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди општа мобилизација, информираат украинските медиуми. Зеленски потпишал декрет со кој се наредува мобилизација на сите регрути и резервисти на целата територија на Украина.