Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека намерата на републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател – Доналд Трамп да ја заврши војната во Украина со отстапки може да биде опасна не само за Украина, туку и за позицијата на САД во светот бидејќи, како што изјави, рускиот претседател Владимир Путин нема намера да застане доколку победи во војната.
Зеленски во интервју за Гардијан рече дека е убеден дека Путин нема да застане во Украина и ќе оди понатаму, доколку победи во војната.
Зеленски оцени дека евентуалниот договор меѓу Трамп и Путин за крајот на војната во Украина нема да го спречи рускиот претседател да освојува и дека тоа би значело дека Трамп е губитник, пренесе агенцијата РБЦ Украина.
„И тогаш Путин ќе продолжи понатаму, сфаќајќи дека САД повеќе не се толку голем играч, а потоа на арената ќе влезат други авторитарни лидери на други земји“. Ова е трета светска војна“, рече Зеленски.
Трамп постојано изјави дека наводно ќе може да ја прекине војната во Украина за неколку дена со директно контактирање со Путин.