Зеленски: Најмалку 22 загинаа при руски ракетен напад врз железничка станица

by fokus

Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се повредени во руски ракетен напад врз железничката станица во градот Чаплине, централна Украина, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нападот се случи вчера, шест месеци по руската инвазија на Украина и на Денот на независноста на Украина.

– Штотуку добив информација за руски ракетен напад врз железничката станица во регионот Днепропетровск, врз вагоните на станицата Чаплине. Четири патнички вагони се во пламен, изјави синоќа Зеленски, обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН преку видео врска.

Тој додаде дека Украина „ќе ги натера агресорите да платат за сè што направиле и ќе ги протера од неговата земја“.

Поврзани новости