Зеленски: Најмалку 12 лица загинаа во руски напади во текот на ноќта низ Украина

by irena 12:58
12:58

Најмалку 12 лица се убиени, а 17 се повредени, меѓу кои и две деца, во руските ракетни напади извршени преку ноќ врз Киев, и поширокиот регион.

Во Киев, шест од осумте жртви беа железнички работници. Пријавени се пожари во три градски области. Четири лица загинаа во градот Бориспиљ каде што беше погодена станбена зграда.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава изјави дека речиси 350 спасувачи работеле во текот на ноќта во Киев и околниот регион по последните напади.

Тој рече дека Русија испали „значаен број беспилотни летала и балистички ракети“.

Осум други украински региони беа нападнати, рече Зеленски, додавајќи дека меѓу жртвите има и индиски државјанин.

Слични вести