Зеленски најави нова контраофанзива: Русија ќе биде изненадена!

by Фокус

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека украинската војска планира нова контраофанзива во Црното Море и во зоната на специјални воени операции.

-Ние ќе го направиме тоа – изјави Зеленски за американскиот ТВ канал „Фокс њуз“.

Според него, контраофанзивата што се планира ќе ја „изненади“ Русија.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу при поднесување на последниот извештај до претседателот Владимир Путин, рече дека при претходната контраофанзива загинале или биле повредени 166.000 украински војници, а украинската војска загубила над 800 тенкови, речиси 2.400 оклопни возила, повеќе од половина од „леопардите“, како и 123 авиони и хеликоптери, пренесува „Спутник“.

Шојгу, исто така, реферирал дека украинската контраофанзива е управувана и контролирана од штаб во странство.

Поврзани новости