410
Во пресрет на денешните клучни избори во САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја навести можноста за мировни преговори со Русија, што е промена од неговото претходно отфрлање на дијалогот со претседателот Владимир Путин.
Зеленски доцна синоќа ја повика меѓународната заедница „да ја принуди Русија на вистински мировни преговори“. Тој ги наведе вообичаените услови за дијалог односно враќање на сите окупирани територии, надомест на штета и кривично гонење за воени злосторства.
Станува збор за промена на реториката на украинскиот претседател, кој на крајот на септември потпиша указ во кој се наведува „неможноста да се водат преговори“ со Путин.