Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети украинските војници на југоисточниот фронт во Запорожје и им додели медали, соопштија од неговиот кабинет.
Зеленски истакна дека ги посетил војниците на фронтот за да ги поддржи и награди и дека имаат тешка задача да ја одбранат Украина.
Во соопштението се наведува дека Зеленски ги посетил позициите на украинската армија кај селото Роботин, кое се наоѓа речиси на борбената линија. Роботинот беше ослободен на крајот на август во контраофанзива против руските сили.
Зеленски ги посети борбените линии во време кога се шпекулира за можно разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни.
Украинската влада ја информираше Белата куќа дека планира да го отстрани Залужни, изјавија во петокот два неименувани доброупатени извори за Ројтерс.
Извор близок до канцеларијата на украинскиот Зеленски изјави дека Зеленски и Залужни не се договориле за новиот бран на мобилизација и дека претседателот се противи на предлогот на началникот да мобилизира 500.000 војници.
Изворот изјави дека процесот за разрешување на Залужни е во мирување додека официјалните лица не решат кој ќе го замени.