Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека актуелниот конфликт во Украина може да се реши само преку директен дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.
„Се уште не можеме да зборуваме за детали. Се уште не сме имале директен контакт меѓу двајцата претседатели. Само по директни разговори меѓу двајцата претседатели можеме да ставиме крај на оваа војна“, посочи тој.
„Не се работи за тоа што можам да дадам. Мојата цел на сите преговори е да се стави крај на војната со Русија“, рече Зеленски во интервју за германски „Билд“, одговарајќи на прашањето дали е подготвен да ја признае независноста на Донбас и Крим.
„Подготвен сум да преземам одредени чекори за завршување на војната. Може да се направат компромиси, но тие не смеат да значат предавство на мојата земја“, рече украинскиот претседател, додавајќи дека другата страна треба да биде подготвена за компромиси.