Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во среда во своето обраќање пред американскиот Конгрес, го спореди ужасот од руската војна во неговата земја со Перл Харбор и нападите од 11 септември.
„Ова е терор што Европа не го видела, не го видела 80 години“, рече Зеленски.
Зеленски му се обрати на американскиот претседател Џо Бајден дека да се биде лидер на слободниот свет значи и да се биде „лидер на мирот“.
Во обраќање до американскиот Конгрес, апелирајќи за поголема воена помош за борба против руската инвазија, Зеленски рече дека оваа војна не е само за неговата земја, туку за „вредностите на Европа и светот“.
„Му се обраќам на претседателот Бајден. Вие сте лидер на нацијата, на вашата голема нација. Ви посакувам да бидете лидер на светот. Да се биде лидер на светот значи да се биде лидер на мирот“, рече Зеленски.