Украинскиот претседател Володимир Зеленски го заврши своето обраќање пред германскиот Бундестаг во Берлин.
Тој се заблагодари на Германија за нејзината помош, но им рече на пратениците дека нивната поддршка „дојде предоцна за да се запре војната“.
„Зошто „никогаш повеќе“ не важи“, праша тој. „Која е историската одговорност на Германија кон Украина денес?“.
Зеленски, исто така, ги критикуваше германските лидери за деловните интереси на земјата во Русија.
-Можевме да ја видиме вашата подготвеност да продолжите да соработувате со Русија и сега сме среде студената војна. И повторно ова е нешто што не успеавте да го видите. Сè уште се заштитувате себеси зад ѕидот што не ви овозможува да видите низ што минуваме, порача Зеленски.
Тој на крајот ја повика Германија да се справи со руската агресија и да воведе построги санкции кон Москва.
-Мирот е поважен од приходите, им рече тој на пратениците.