Зеленски: Киев не го нареди нападот на мостот на Крим

by Fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев, колку што тој е запознаен, не го наредил терористичкиот напад на мостот на Крим.

– Ние дефинитивно не нарачавме такво нешто, колку што знам, рече Зеленски во интервју за канадската ТВ мрежа CTV.

Утрото на 8 октомври одекна експлозија на Кримскиот мост, односно експлодира камион по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот.

Како последица на тоа делумно се урнаа два коловози, но носачите не беа оштетени.

Поврзани новости