Зеленски ја истакна својата визија за прекин на огнот

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја претстави својата визија за постигнување мир во Украина.

Тој рече дека запирањето на нападите врз енергетската и цивилната инфраструктура и воените операции во Црното Море ќе биде добар почеток.

„Сите мора да се погрижат Русија, единствениот извор на оваа војна, да ја прифати потребата да ja прекине“, рече тој.

Зеленски додаде дека ослободувањето на затворениците „може да послужи како средство за воспоставување фундаментална доверба“ и увертира за „целосно и праведно решение“.

„Украина не само што е подготвена да ги преземе неопходните чекори за мир, туку и ние ги предлагаме тие чекори“, рече тој. Шотврди дека украинскиот и американскиот тим „продолжиле со работа“ и изрази надеж дека двете нации ќе имаат „значаен состанок“ следната недела.

Тој ги поздрави напорите на Европската комисија за повторно вооружување на Европа.

Поврзани новости