Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати серија благодарници до своите европски колеги по жестоката дебата во Белата куќа со американскиот претседател и потпретседателот кои го обвинија дека е неблагодарен.
Зеленски со благодарност ги сподели најавите на европските и светските претставници кои ја изразија својата поддршка за Украина.

И покрај расправијата во Вашингтон, Зеленски им се заблагодари и на САД за „нивната поддршка“ и „таа посета“, како и на претседателот Доналд Трамп, Конгресот и американскиот народ.
„На Украина и треба праведен и траен мир и ние работиме на тоа“, продолжи Зеленски во својот пост.
Украинското Министерство за надворешни работи, исто така, го зголеми бројот на благодарници како одговор на поддршката што ја покажаа министерствата на европските земји за Украина.
И покрај конфликтот со Доналд Трамп, Зеленски смета дека односите меѓу САД и Украина можат да го преживеат тој инцидент и дека не му должи извинување на Трамп.