870
Мораме да излеземе надвор, мораме да се бориме! Секаде и секогаш кога за тоа има можност“, изјави Зеленски во видео порака синоќа. Тој го посочи примерот на Украинците од Херсон, Бердјанск или Мелитопол, за протерување на непријателот.
Од градовите кои ги спомена Зеленски во изминатите денови стигнаа извештаи според кои невооружени луѓе застанале на патот на руските единици. Ваквите примери покажуваат, истакна Зеленски, дека окупацијата може да биде само привремена.
На руски јазик тој им се обрати на граѓаните од самопрогласените „Народни републики“ Доњецк и Луганск во источниот дел од земјата: „Ако мозокот не ви е испран од пропагандата, ако очите не висе затворени од страв, борете се за своите права и слободата на Украина“.