Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди Русија дека може да остане без бродови доколку продолжи да ги напаѓа украинските пристаништа.
„Немаме толку многу оружје, но ако продолжат да пукаат, може да останат без бродови до крајот на војната“, рече Зеленски на прес-конференција.
Да потсетиме, украински беспилотни летала неодамна погодија руски танкер за нафта и воен брод.
„Тоа е она што сакаме да им го покажеме. Украина сигурно ќе одговори на сите напади врз цивилното население и коридори за жито. Ако Русија продолжи да доминира во Црното Море и да го блокира со истрелување проектили, тогаш Украина ќе го стори истото. Ова е фер одбрана“, додаде Зеленски. , пренесе Си-Ен-Ен.
Обединетите нации ги осудија неодамнешните руски напади врз украинските магацини за жито. „Одлуката на Москва да се повлече од Црноморскиот договор и нејзините повторени напади врз украинските пристаништа и инфраструктура предизвикуваат огромна штета на украинскиот земјоделски сектор и може дополнително да ја влошат гладта кај најсиромашните луѓе во светот“, рече Дениз Браун, хуманитарен координатор на ОН за Украина. во сабота.